Hamachi E-RACER X

SKU 17814
86.100 мкд
Во Продавница
1
Детали за производот

Модерните технологии и брзата еволуција на мобилноста се посебен предизвик и за производителите на мотоцикли, кои постојано работат на подобрување на квалитетите на своите продукти.Но, последниве години, се почесто се споменува процесот на електрификација кој не е актуелен само кај автомобилите, туку и кај другите превозни средства, вклучувајќи ги и тие на две тркала.

HAMACHI на македонските купувачи неодамна им го претстави модерниот E-Racer X, кој своето street bike пакување го комбинира со електричен погон и многу предности кои ги овозможуваат најновите технологии. Модерната погонска единица ги користи придобивките на ултра ефикасниот електромотор со мочност од 2000 W, па возачот на E-Racer Xне само што ќе има на располагање солидни перформанси, туку со секое целосно полнење на батеријата може да помине до 50 километри.

Полнењето трае меѓу 6 и 8 часа и претставува поекономичен начин за хранење на погонската единица во споредба со класичните горива, а притоа Hamachi E-Racer X не испушта емисии на гасови и на тој начин се промовира како заштитник на животната средина.

Неговите компактни димензии овозможуваат практичност и функционалност, како и врвната ергономија и удобност и во ситуациите кога возачот ќе реши да тргне на подолга авантура.

Она што мора да се потенцира е дека со максимална брзина над 45 km/h Hamachi E-Racer Xуште однапред најавува дека неговите приоритети не се поврзани со истакнување на жестоките перформанси. Неговиот основен концепт е поврзан со максималното уживање во извршување на секојдневните активности и полесно снаоѓање во градските гужви, додека истовремено како предности ги има факторите економичност и издржливост.

Цо Hamachi E-Racer X задоволството ќе биде секојдневно, а во зависност од интензитетот и начинот на користење, полнењето на батеријата може да биде обврска и преку неколку денови.

Dimension 1800x725x930 mm
Wheelbase 1260 mm
Weight (With Batteries) 78kg ( 96kg )
Load capacity 175 kg
Max speed 45 km/h
Range Up to 40-50 km

Noise level ≤ 55 dB
Transmission Infinitely variable speed
Electric motor type Brush less
Electric motor mode 72V 2000 W
Tire size 120/70-12 140/70-12
Electric motor nominal power 2000 W
Electric motor nominal current 13 A
Electric motor nominal voltage 72 V
Rechargeable battery 70V 20Ah
Battery type sealed acid gel Polyelectrolyte
Charging voltage output 72V
Recharge energy consumption 1 - 1.8 Kwh
Recharging time 6-8 hours
Front headlamp 12V 35W
Direction indicator lamp 12V 10W
Tail light 12V 5W
Instrument panel lamp 12V 3W

Упатство за употреба

Сопственикот е должен да врши редовно оддржување :
1.Редовно чистење (Напомена да не се чисти дирекно со вода)
2.Редовна контрола на исправноста на кочниците и електрониката
3.Редовна контрола на притисокот на воздухот во гумите пропишан на самата гума
4.Редовна контрола на нивото на батеријата (Напомена да не се празни под 10 % секогаш

да се оддржува ниво над 10 % )

Зачувајте го овој производ за подоцна